Десетици судии и обвинители од денеска одат во пензија, законоските измени не ги поминаа собраниските филтри

44 судии и 11 јавни обвинители заминуваат во пензија. Предлог-законските измени не стигнаа до полноќ да ги поминат собраниските филтри за да им се продолжи мандатот на судиите и обвинителите. Судскиот совет изгласа заминување во пензија на 44 судии, а советот на јавни обвинители испрати во пензија 11 обвинители.

Ние моравме, само констатирачки одлуки се, пременуваме закон според кој 30.06.2022 е последен ден за тие што наполниле 64 години и тоа е престанок на функцијата односно работниот однос рече Антонио Јолевски – Претседател на Совет на јавни обвинители.

Пред да се констатира престанок на судската функција, претходеше жестока расправа помеѓу членовите во советот. Мери Радевска, член на судскиот совет, жестоко се спротивставуваше судиите да испратат во пензија, говорејќи дека тоа ќе донесе колапс во судскиот систем кој и онака се соочува со недостаток од кадар. Останатите кои седат во судскиот совет не го делеа мислењето со Радевска која и не учествуваше во крајното гласање.

  • Законот беше донесен и беше примен и на овие колеги им беше продолжен мандатот. Значи јас се согласувам… Не, ние зборуваме за законот за работни односи. – Не колега, врз основа на ЗРО кој го читаше претседателката сака да се донесе одлука – беше децидна Радевска.
  • Судскиот совет и институција која мора да ги почитува законите, дали на некој му се допаѓаат или не му се допаѓаат тоа е друг проблем, личен проблем, а ние овде мора да ги почитуваме законите и да постапуваме по нив вели Сашко Георгиевски – член на Судскиот Совет.

До крајот на годината, старосна граница за пензија ќе ја исполнат уште 16 судии и двајца јавни обвинители. Предлог измените на законот на работни односи власта го прати во Собрание со европско знаменце, а опозицијата остро се спротивставуваше тврдејќи дека власта сака да протне закон со што ќе го продолжи мандатот на судии и обвинители кои носеле партиски одлуки.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста