Денеска се навршуваат 21 година од загинувањето на десет припадници на АРМ кај месноста Карпалак

Тагата и непреболот, 21 година по масакрот кај Карпалак кај бранителите никогаш нема да исчезне, а се уште присутна е и маката во душата што над две децении нема достојно одбележје на местото каде беа злобно убиени десетмината бранители на Македонија. И годинава во месноста Карпалак чествување пред спомен плоча. Бранителите над 20 години бараат соодветен споменик достоен на дадената жртва.

Зарем ова ова личи на некакво спомен обележје. Срамота. Не ни се виновни тие од другата страна, прават споменици од 200 илјади евра, ние не можиме 100 евра едно спомениче да направиме, едно обележје. Изгледа дека ние во нашата држава немаме никакви права. Нашите власти зборувам за македонските без разлика која партија е на власт, исти, ама потполно исти, нема разлика меѓу едните и другите кога сме во прашање ние, вели Јордан Трајковски  Здружение на резервни воени образници.

Државата остана глува за бранителите и во овие две децении. Велат веќе остареа, па веќе не како да не им треба ништо од системот.

Јас сум 66 години, 20 години поминаа, а децата кои ни беа 20 години 2001-ва, се мажи со деца. Не ни треба сега ни образование, ни вработување, не ни треба ни станови, не ни треба ништо. Ние сме „презадоволни“ од оваа држава што направи за нас за сметка на тоа ако се опулиме на другата страна, она што се случува. Ние сме омаловажени, понижени, оштетени, ние сме тие кои за жал застанааа да ја бранат Република Македонија, и завршиме како последни луѓе во државава, вели Јордан Трајковски  Здружение на резервни воени образници.  

Ние сме класа на народ кај што сме најпотценети. Додека бевме на ратиште бевме многу добри. Повреден сум во Радуша. Има луѓе што останаа инвалиди. Пред 3-4 години што ги имавме привелгиите за здравтсво ги укинаа,рече Слободан Петровски Здружение Братство 2001.

На 8 август 2001 околу 10 часот конвој на АРМ беше подмолно нападнат од заседа. При тоа беше погодено едно транспортно возило на  Армијата  во кое беа 8 војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. 

Александар Сарамарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста