Денеска е Задушница, утре Педесетница

Православните христијани денеска ја празнуваат Задушница или Духовден. Ппразникот задушница се одбележува во знак на сеќавање на починатите. На овој ден вообичаено се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за упокоените.

На задушница верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.духовден, пак, го означува слегувањето на светиот дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „роденденот на црквата“. На 10-тиот ден од Христовото вознесение, а на 50-тиот од неговото воскресение, на еврејскиот празник педесетница, светиот дух слезе врз апостолите во вид на пламени јазици, а тие се исполнија со сила и добија дар да зборуваат на разни јазици.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста