Демократски сојуз го напушта парламентарното мнозинство,не ја подржува реконструкцијата на Ковачевски

Претседателот на Демократски сојуз, и пратеник во Собранието, Павле Трајанов денеска соопшти дека нема да ја поддржи реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство. Тој упати критики до доскорешниот коалициски партнер дека речиси ништо од она за што се договориле, не го оствариле.

Од ДС велат дека коалициските партнери не ја поддржуваат нивната идеја за една изборна единица, а затаила и борбата против корупција. Не е реализиран ниту приоритетот на ДС за донесување закон за формирање Фонд за младите од 2% од Буџетот, како и вработување на сите студенти по дипломирањето во јавниот или во приватниот сектор на година дена со просечна плата остварена во претходната година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста