Делови од Кисела Вода денеска без вода

Прекинот на водоснабдувањето што го најави ЈП „Водовод и канализација“ за вчера кај дел од корисниците во Општина Кисела Вода е одложен за денеска.

Регионалниот центар за упраување со кризи на Град Скопје информира дека вечер со почеток во 22 часот бз вода ќе бидат корисници на дел од ул. „Христо Татарчев“ (од број 26 до број 88), а на улиците „Дебарска“, „Георги Димитров“ и дел од „Димо Хаџидимов“, водоснабдувањето ќе биде со намален притисок.

Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, во тек на прекинот ќе се врши промена на четири  затворачи со пречник од ф-200мм на крстосницата Христо Татарчев – Дебарска.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста