Дебатата во Законодавниот дом за избор на нови министри е за се, само не за министрите

Кој колку украл, кој што злоупотребил, кој победил на претходните, кој ќе победи на следните избори – Дебатата во Законодавниот дом за избор на нови министри е за се, само не за министрите. Атмосферата и денеска тензична а власта и опозицијата си разменуваат навреди. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Македонија никогаш не била покорумпирана и поуназадена и затоа не може владејачкото мнозинсво да зборува за европски фронт кога сме многу далеку од таа иднина.  

Навреди за другите, фалби за себе – ваков е пристапот на владејачката СДСМ. Ниту пратениците од власта не зборуваат за кадровските решенија во владиниот кабинет туку за тоа дека владата била посветена на кризата и граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ не сработиле ништо во повеќе од една година локална власт. Од СДСМ им порачаа наместо да зборуваат за предвремени избори, да се грижат за народот.  

По дебатата за разрешувањето на министри и нивни заменици, ќе се дебатира за точките за именување на нови министри. Според досегашните искуства, разрешувањето и именувањето нема да заврши пред истекот на две недели од почетокот на дебатата речиси сите пратеници се пријавени за збор.  

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста