Двојни аршини на Бесими – на „своите им покачува плата, на другите планира да им ги скрати

Немале доволно кадар па морале да ги зголемат платите  – ова е оправдувањето од првиот човек на Минситерството за финансии Фатмир Бесими во однос на зголемувањее на платите за 30 отсто во Министерството.

Додека синдикатите и целата администрација се на нозе поради новиот нацрт закон за систем на плати , со кој стравуваат дека Министерството за финансии  ќе може да ги менува , дури и намалува платите без преговори со синдикатите  , вработените во оваа институција ќе ја добијат 30 отсто повисоката јануарска плата. Бесими немал друго брзо решение да ги задржи вработените освен енормното зголемување, тврди дека 40 луѓе ја напуштиле институцијата во 2022 затоа што имало многу работа, а ниска плата.

Да го оставиме министерството без вработени, да немаме Буџет вооопшто ? многу работа а Да го оставиме МФ без вработени, да немаме буџет воопшто, да не работи никој. Тоа ли е прашањето? Направено е усогласување со органите во состав. МФ е единствена институција каде вработените имаа пониска плата од УЈП и Царинската управа и тоа е решението. Тоа е во Законот каде што е ставено дека 30 отсто се во однос на платите од минатата година, истакна Бесими.

Македонија живее во ера на двоцифрена инфлација, а граѓаните мака мачат да го „истуркаат“ месецот , и речиси цела година синдикатите водеа битка за покачување на платите во јавниот сектор за  само 2806 денари . Ова сепак, не е пречка  во одредени министерства платите да  растат селективно за многу поголема сума. Освен во финансии ,во 2023 година повисока плата за 29 отсто ќе има и во Министерството за образование и 15 отсто во Министерството за одбрана.

Неодамна, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи го оправда покачувањето на платите во Министерството за финансии и дури кажа дека било малку

ТОНСКО ФАТМИР БИТИЌИ – Вицепремиер за економски прашања  28. 12.2022

Сериозен предизвик за јавната администрација е и стручноста ако се суди по пораката на евроамбасадорот Дејвид Гир. Тој порача дека администрацијата мора да се зајакне во смисла на експертиза и да се нема партиско влијание .

Нема да коментирам за различните одлуки во однос на политиките што ќе ги донесе Владата во конкретни области, но како општ принцип, односно нашиот принцип е дека треба да имате стручна јавна служба способна да ги спроведе реформите, со помош. Без тоа не може земјата да се развива и да расте. Тука има неколку апсекти – финансирање, партиско влијание кое е премногу силно во одредени делови на администрацијата, но, потребно е да имате јавна, државна служба која може да испорача она што треба, рече евромбасадорот Дејвид Гир.

Министерот Бесими пак тврди дека се работело на оптимизација на администрацијата која ќе ги спроведува реформите .  Според последните достапни податоци, заклучно со 31 декемврио 2021 бројот на вработени во јавниот сектор е 132.088  лица, кои својот работен ангажман го реализираат во 1.346 институции.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста