Две соседни земји, едни пријатели, други непријатели- зошто покажуваме симпатии кон Србите, но не и кон Бугарите?!

Помош во вакцини, помош со храна, помош на секое можно поле каде Македонија не можеше минативе години да се снајде.

-Ви го честитам почетокот на имунизацијата, на целиот македонски народ и на граѓаните на Македонија. Ви посакувам на сите добро здравје, а додека сега сите тука сме замрзнати. Да живее пријателството меѓу Србија и Македонија, ни порача Вучиќ.

Блокада на патот кон ЕУ, навреди, непризнавање на Македонците, непризнавање на македонскиот јазик.

-Бугарија не отстапува во однос на ставот за официјалниот јазик на Република Северна Македонија. Целосно ја почитуваме одлуката на Народното собрание, според која Бугарија не го признава овој јазик, ни порача Генчовска.

Две соседни земји, две земји со свои интереси кај Македонија, Македонците, македонското. За едните сме бугарска држава, за другите низ историја сме важеле за вардарска бановина. Сепак Србите пријатели, другите барем последниве години кај луѓето најголеми непријатели.

Според социологот Константин Миноски симпатиите кон Србија, а антагонизмот кон Бугарија се очекувани. Вели добрите односи со Србите се уште од времето на Југославија, но продолжуваат и после тоа, посебно последниве години, кога Србија ни помогна во најтешките моменти од кризата за време на пандемијата.

-Српската Влада со нудењето помош во ковид, времето кога тешко се снаоѓавме и со вакцини, да имаме еден попозитивен однос кон Србите. Значи тоа е едно нешто што трае, вели за Алфа Миноски.

Додека пак очекувано се и негативните чувства кон Бугарија, која 150 години веќе има јасна негаторска политика кон Македонија. Според Миноски тоа што го прави официјална Софија последниве пет години, е причина македонските чувства кон нив само да станат полоши и полоши.

-Како ќе имате вие добрососедски односи доколку не ви го признаваат јазикот, не ви го признаваат народниот идентитет, не ви го признаваат народното творештво. Ги имате фактички сите елементи што влегуваат во она што се нарекува што се нарекува определба на една нација, освен територијата, која ја сметаат за своја.

Инаку симпатиите меѓу Македонците и Србите се обострани. Според последното истражување на српската младинска организација Покрив, младите Стрби најмногу ги сакаат Македоцните и Црногорците, додека најмалку симпатии покажуваат кон Албанците, Бугарите и Хрватите.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста