Две жртви за два дена во сообраќајки во штипско

Трисет и седумгодишен маж со иницијали С.Т.од Пробиштип е лицето кое вчера го загуби животот во сударот  помеѓу автомобил со пробиштипски и автобус со беровски регистарски таблички . Сообраќајката се случи во 19.45 на патот  Штип-Кочани кај клучката Три Чешми. Сопатникот починал на лице место, а возачот на возилото кој се здобил со повреди на колкот е хоспитализиран на Одделението  за ортопедија и е во добра општа состојба, информираат од штипската Клиничка болница.

 “Во незгодата од добиените повреди починал сопатникот во автомобилот, додека возачот се здобил со повреди констатирани во Клиничка болница-Штип “ изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.

За три дена ова е втора тешка сообраќајна несреќа со жртви по патиштата во близина на Штип. Од штипската полиција со апел, возачите да бидат крајно внимателни..

“Внимателноста треба да биде максимално голема. Да се внимава на брзината, на состојбата на патиштата. Маглата преставува сериозна опасност и  затоа возачите треба да ја прилагодат брзината”рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип.

На 1ви јануари момче враќајки ја колата во рикверц прегази двајца другари, со кој претходно патувале во истото возило. 21 годишно момче загина, а другар му беше хоспитализиран во штипската болница. Несреќата се случи на магистралниот пат Штип-Кочани.

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста