Две децении Антикорупциска комисија во Македонија

Државната комисија за спречување на корупција не е моќна да се бори против државниот апарат. Проблемот е во тоа што Антикорупционерите сите проверки ги прави преку интитуциите на извршната власт, чека намирање на утврдување на фактите од некој друг и е спречена самостојно да делува коментира за Алфа поранешниот претседател на Антокорупциска, Воислав Зафировски. Комисијата се наметна како опција кај граѓаните да пријавуваат корупција или судир на интереси, но тоа не е доволно доколку на крај ги немаме посакуваните резултати вели Зафировски.

  • Државната комисија не е моќна да се бори против државниот апарат. Не се бори против Владата, против институциите и тука се копјата. Имаме примери во други земји каде Државната комисија е поорганизирана отколку кај нас“ коментира Зафировски.

Дека надлежностите на Антикорупциската комисија завршуваат со поднесување на иницијатива до Обвинителството е друг проблем. Зафировски вели имаме десетици предмети кои заглавија со доставување предлог до Обвинителите.

  • За сите изминати 20 години, Државната комисија за спречување на корупција не успеа да стане ефективна и ефикасна во справувањето со корупцијата.Зошто е тоа така? -Причините се многубројни но главната причина е фактот што корупцијата во Р. Македонија е системски значи проблемот е во пред се на политичка волја.. Имавме многу примери дека ДКСК поднесуваше многу иницицијативи до ОЈО, но до ден денеска нема отворено предмет“ вели Зафировски.

На линија дека Јавното обвинителство се поретко постапува по инцијативите на Антикорупционерите е и поранешниот антикорупционер Драган Малиновски. И тој смета дека мора да има зголемување во надлежноста односно слободен пристап во базата на податоци без да биде зависна од интитуциите.

  • Сметам дека се уште постои простор за јакнење на капацитетите во Комисијата, пред се во делот на алатките кои она мора да ги има, за да се ја исполнува својата надлежноста. Со алатки мислам на директен пристап до базата со податоци на што сега се работи.  Мое мислење е дека се уште тесно грло е Обвинителството, некако е споро или не се работи како што се очекува.

Моделот кај нас е Комисијата да открие криминалот и корупцијата, а другите институции да гонат. Но, имаме безброј примери во Балтичките земји каде во рацете на Антикорупционерите се поголеми надлежности како истраги па дури и апсења. Кај нас, засега не се размислува за ваква промена.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста