Две во едно во Штип – ако има референдум за договорот со Бугарија ќе се одржи и референдум за реконструкција на водоводот

Активирање на парите од самопридонесот, е единствено решение за да се стави крај на честите дефекти на водоводната мрежа во Штип. Доколку на пролет се одржи референдум за последниот договор со Бугарија, тогаш најдобро би било штипјани да се изјаснат дали се за или против парите од самопридонесот се пренаменат за реконструкција на старата и дотраена водоводна мрежа. Според првиот човек на градот, на овој начин општината ќе се спаси од  трошоци кои ќе бидат потребни за организирање на референдум..

„ Во комуникација со ДИК ќе ја согледаме оваа можност. Доколку постои опција, секако дека граѓаните на Штип ќе бидат дополнително прашани дали се согласни  да бидат инвестирани овие средства коишто долги години стојат замрзнати и губат од својата вредоност  за промена на водоводната мрежа и водоводната инсталација„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Во меѓувреме општината се уште чека ги чека парите, средства што треба да ги добие откако ТАВ се откажа од изградба на карго аеродром. Со нив треба да се изгради Линија 2 и да реши водоснабдувањето во индустрискиот дел и високите зони во градот.

„ Како што имам информации од страна на ТАВ, тие веќе преговараат со фирма изведувач која треба да започне со изведба на Линија2. Се уште немаме информации кога би се случило тоа. Од нужна потреба е изработката на оваа линија . Неколку пати досега комунициравме на оваа тема, но се уште немаме прецизен и точен датум кога ќе започнат градежните активности. Практично процесот не зависи од нас „-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Зголемената инфлација ќе ги изеде парите од самопридонесот, објаснува Јорданов. 55милиони денари се чуват на посебна трезорска сметка, тоа се средства што се собирани со учество на граѓаните во деведесетите години од минатиот век за изградба на браната Козјак. Според анализите, треба да се заменат 30км примарна водоводна мрежа со цементно азбесни цевки стари над 50години. Претходно во Штип имаше два неуспешни референдума, на кои граѓаните гласаа за спортска сала и изградба на брана на река Отиња. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста