Два нови напади во САД – Вооруженото насилство не прекинува

Вооруженото насилство во САД не прекинува, два нови напади ја потресоа земјата.

Во пукање на погреб во Висконсин се ранети двајца, од кои едниот е со тешки повреди.

Непосредно пред тоа тројца беа убиени пред црква во гратчето Корнерстоун во Ајова.

Напаѓачот пукал во луѓето што стоеле на паркингот пред црквата а после тоа пукал и во самиот себе. Според досегашните информации идентитетот на жртвите не е откриен.

Луѓето од другите земји се шокирани од овие случувања во САД, последната анкета покажа дека го делат мислењето за намалување на оружјето во САД.

Не може да се купи оружје без лиценца, без дозвола, кај нас не може без документ да идеш и да си купиш пиштол. Процедурата е комплицирана ама поради тоа кај нас нема пукање и немири.

Овие напади се случија неколку часа откако претседателот Џо Бајден побара да се забрани офанзивното оружје, да се провери менталната сосотојба на лицата кои што го поседуваат или да се зголеми возрасната граница за купување на оружје од 18 на 21 година.

За волја на Бога, уште колку масакри сме подготвени да прифатиме? Не можеме повторно да го изневериме американскиот народ, изјави Џо Бајден, претседател на САД

Обраќањето на Бајден има за цел да изврши дополнителен притисок за да се усвојат соодветни закони. Огромно мнозинство американски гласачи, и републиканци и демократи, се залагаат за посилни закони за контрола на оружјето.

САД имаат највисока стапка на смртни случаи од огнено оружје во споредба со другите земји со високи приходи.

Истражувачкиот центар за контрола на повреди, изјави дека САД ги има најслабите закони за оружје.

Во споредба со другите земји, во основа она што го имаме е многу пушки, особено пиштоли, и ги имаме убедливо најслабите закони за оружје. Мислам дека ако ги имавме во основа законите за оружје на која било друга развиена земја, ќе ни биде подобро, стои во извештајот на ИСТРАЖУВАЧКИ ЦЕНТАР ЗА КОНТРОЛА НА ПОВРЕДИ

Овие се последни во серијата масовни престрелки што изминативе десетина дена ги потресоа Соединетите Држави. Во северниот дел на Њујорк беа убиени десет афроамериканци, во училиште во Тексас беа застрелани 19 деца и две учителки, а во болница во Оклахома беа убиени двајца лекари, шалтерски работник и пациент. Имено САД е земја со највисока стапка за поседување на оружје, има повеќе оружје отколку луѓе односно 120 оружја на 100 луѓе. Во другите земји се движи од 60  до 30 оружја на 100 луѓе.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста