Дванаесет партии и здруженија во Бугарија шират омраза и екстремизам – Каракачанов и Костадинов на список

Дванаесет политички партии и здруженија во бугарија се нотирани дека шират омраза и екстремизам.

Oд нив шест се политички партии, а шест се здруженија, најголем дел регистирани во Софија кои во извештајот на американската невладина организација „глобален проект против омразата и екстремизмот“ се препознаени дека шират говор на омраза. очекувано на листата се наоѓаат партиите „ВМРО“ и „Преродба“ чии лидери се политичарите со докажани антимакедонски ставови и активности, Kрасимир Kаракачанов и Kостадин Kостадинов како и ултра десничарската партија „Атака“. според  еден од основачите на организацијата, венди виа, политичките партии и здруженијата кои се нотирани во извештајот се групираат околу секоја идеологија на омраза како начин да ја изградат својата база и нивната моќ, што често доведува до зголемено насилство и омраза.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста