Да се заштитиме од Сонцето, да спречиме рак на кожа!

Најмладиот пациент дијагностициран со рак на кожа има само 11 години. Откако претхоно бил лечен од друг доктор кој што не е специјалист за овие болести го префрлиле на клиниката за дерматологија. Таму на малдото момче му констаритале карцином на кожа. Докторите предупредуваат дека карциномот на најголемиот орган на човечкото тело зема замаф, старосната граница  е намалена, па апелираат на заштиа и редовни контроли.

Сонцето е докажано канцерогено. Мора да се преземат соодветни мерки, бидејки Македонија влегува во групата на земји каде што бројките на карцином на кожа се прилично високи. Клиниката за дерматологија уште пред 20 години воведе дерматоскопија односно метод за рано откривање на меланомот на кожата.

Ракот на кожата е меѓу најчестите и најоптоварувачките видови на рак во Европската Унија. Во 2020 година,  над 106.000 граѓани на ЕУ им бил дијагностициран меланом што го прави шести најчест вид на рак и една од дваесетте најчести причини за смрт од рак.

Бојана Златкова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста