Да им се забрани влез во Македонија на Џамбаски и Костадинов: Однесувањето на македонските власти кон Бугарија е садомазохизам

Јавноста е гневна и бара власта под итно да преземе мерки со кои би се ставило крај на навредите од Џамбаски и Костадинов, кои зачестија со своите посети на Македонија и од наша почва не прогласуваат за Бугари. Некои дури заговараат тие да бидат прогласени за персона-нон грата и да им се забрано влез во државава. Но, наместо остра и жестока реакција, Османи во две реченици соопшти дека внимателно ги следел изјавите и побара од Софија, не да го осуди, туку само да се огради од нив.

-Министерството, по дипломатски пат соодветно реагира до официјална Софија, во кое побара оградување од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија, и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји, велат од МНР.

Однесувањето на властите во однос на Бугарија е садомазохизам вели поранешниот амбасадор Мартин Треневски. Според него ако нема жестока реакција ќе биде голем сакндал.

-Таквото однесување не ме изненадува, пред се би го оквалификувал како скандалозно, нам дома ни доаѓаат неофашисти, расисти, како сакате наречете ги и да не се реагира е садомазохизам, извините на изразот меѓутоа јас поадекватен израз не можам да дадам. Тие се сега наводно преокупирани со претседателството на ОБСЕ, не знам што како, изјави Треневски.

Јавноста гласно бара сериозна и жестока реакција, па дури се споменува и опцијата Ангел Џамбаски и Костадин Костадинов да бидат прогласени за персона нон грата во Македонија. Според Треневски оваа опција секако е отворена, но смета дека е доволно и само да не им се дозволи влез на ваквите лица во државава.

-Има механизми кои што оваа земја, нашава земја може да реагира. На такви лица едноставно да им забрани влез, не мора да е тоа со официјална нота, едноставно од икс причини ги нарушуваат интересите на земјата домаќин или по било кој основ не се совпаѓа со нашите интереси, на граница едноставно да му кажат дека не е добродојден, изјави Треневски.

Вчера во Скопје со пораки дека Македонија е бугарска, со возвишување на Ванчо Михајлов и Цар Борис трети, со повици дека Делчев, Сандански, Груев биле Бугари, во организација на ВМРО-БНД на Џамбаски, 100-тина граѓани оддадоа почит за Мара Бунева.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста