Дали Штип конечно ќе добие студентски град?

Расте бројот на странски студенти кои студираат на штипскиот убиверзитет. Најатрактивен е програмата на англиски јазик на Факултетот за медицински науки. Во моментот околу 1200странски студенти живеат во Штип. Најброни се студентите од Турција.

– „Дел од тие студенти се апсолвенти или доаѓаат на Еразмус програми и се краткотрајно присутни во градот, се работи за неколку месеци. Вкупната бројка на активни странски студенти е околу 700, имаме на подготвителна настава по македонски јазик уште околу 500„-изјави Дејан Мираковски, ректор на УГД-Штип

Да се обезбеди студентски кревет во Штип со пристојни услови и цени е сериозен предизвик како за домашните, така и за странските студенти. Напливот на студенти повторно ја актуализира идејата за изградба на Студентски град, стара десетина години. Штипската локална самоуправа вети поддржка во процесот за урбанизирање на локацијата Старо нервно, простор што општината го отстапие на штипскиот универзитет.

– „Дефинитивно станува збор за еден простор неискористен и има потреба од урбанизација. Ќе ги согледаме сите можни опции да и ние како град иницираме да се урбанизира, да се разработи истата парцела. Формата и начинот на соработка со универзитетот ќе оставам со времето кое претстои да го дефинираат начинот на соработка„- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

За да се реализира овој долгогодишен план потребно е целосна урбанизација на веќе старите и истрошени згради во кои живеат неколку ромски семејства. Со европски пари ќе се градат типски куќи во кој ќе бидат сместени овие семејства. Откако ќе заврши оваа постапка, ќе се отвори можност просторот кој во моментот е доста атрактвен за градба, да се понуди на домашни и странски инвеститори со што оваа идеја би се станала реалност, а Штип го добие првиот Студентиски град во државата.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста