Дали радијаторите ќе останат топли и во ноември? Гас има за уште 10 дена

Гас за скопските топлани има за 10-тина дена, а ЕСМ се уште не склучи нов договор за снабдување за наредните 6 месеци. Директорот Васко Ковачевски се надева на поволни понуди со пониски цени, како од Макпетрол, иако оттаму веќе информираа дека истекол нивниот рок за нарачка на потребните количини, така и од уште две-три фирми. Во игра е и ПГО, швајцарската компанија предлог на опозицијата, чија понуда се очекува да биде доставена утре.

Ако не пристигне ниту една понуда за набавка на гас или пак не се поволни за ЕСМ, топланите ќе се пренаменат за работа на дизел. Мазутот е вон конкуренција бидејќи многу загадувал. Ковачевски рече дека ќе има процедура за јавна рамковна набавка на дизел ако тоа е потребно. Ако не се стигне навреме , ќе се активирал дизелот од државните нафтени резерви. Тој тврди дека топланите биле подготвени за работа на дизел.

Државните електрани се подготвени да склучат договор за деловно – техничка соработка со топланата Скопје Север. Сепак, за тоа да се случи ЕСМ бара од Топлификација да ги подмири веќе направените долгови од 425 илјади евра. Ако нема гаранции за враќање на долговите, 500 потрошувачи ќе останат без греење.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста