Дали повисоките плати добро им „легнаа“, па заборавија да ги намалат коефицентите?

Се предомислија ли функционерите за намалување на коефицентите откако енормно повисоките плати им легнаа на сметка? Јавноста збесна ама тоа не ја предомисли „Илиндеска“ за законски измени во делот за пресметка на платите на избраните и именуваните лица. Повисоките месечни примања за речиси 80 проценти, добро им дојдоа на околу 700 функционери, па Владата иако најави, не ги намали коефицентите.  Премиерот Ковачевски во обид да го смири гневот во јавноста, тврдеше дека се работи на законски измени за намалување на коефициентите, ама без прецизен рок – до тогаш важи одлуката на Уставниот суд.

  • Иако согласно одлуката на уставниот суд основицата се зголемува, Владата работи на нов закон за плати со кој ќе се стави конзистентност во исплатите. Има разни агенции и државни тела кои пресметуваат плата по различни методологии и некои плати на директори се повисоки од платите на пратениците“ – рече премиерот.

Премиерот рече дека Владата, пред уставните судии, дала негативно мислење за укунивањето на двете законски одредби. Истовремено, ако Уставниот суд ги поништел двата члена наместо да ги укине на ќе требало да им бидат исплатени камати, тврдеше Ковачевски.

  • Доколку Уставниот суд ги поништеше спорните членови од Законот за плата за пресметка на платире на функционерите, тоа ќе значеше дека на сите избрани и именувани функционери во изминатите 11 години ќе требаше да им се исплатат разликите во плата што ќе беше трошок на буџетот од 100 милиони евра“ рече Ковачевски на 06.04.2023.

Шефот на државата, Стево Пендаровски, одлуката за енормно повисоките плати, ја нарече невкусна, па за тоа му се налутиле од владата.

  • Но, јас сакам да апелирам до Владата да го промени тој дел од Законот за плати со додавање еден член, рече Пендаровски на 31.03.2023година. 
  • „И тоа во она што не беше јавно, туку во приватна комуникација со првите луѓе на владата. Таа одлука ви кажувам како граѓанин, а не како претседател, не може да се брани“ рече Пендаровски на 11.04.2023

И вицепремиерите и министрите, тврдеа дека одлуката на Уставен суд мора да се почитува, но намалувањето на коефицентите , за кое сите се залагаа, падна во втор план. Инаку со одлуката која едногласно ја донесоа сите уставни судии на 21 март, месечните примања на функционерите почнаа да се пресметуваат врз основа на ланската бруто плата помножена со коефинцинтите регулирани во делот за плати на избрани и именувани лица. Законските измени кои треба да се најдат во законодавниот дом, опозициските пратеници рекоа дека ќе ги поддржат.

Инаку, по неполн месец од речиси 80 процентното зголемување, пред уставните судии се најде уште една иницијатива од адвокат кој го оспорува членот 5 од законот за плати на судиите со што се отвора прашањето за ново покачување.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста