Дали одморалиштето во Отешево, каде се сместени Македонците бегалци од Мала Преспа, било „рудник“ за криптовалути?!

Се копале ли криптовалути на див приклучок за струја вонекогашното железничко одморалиште “Царина” во Отешево, каде со децении живеат бегалниците од Мала Преспа? Тие безмалку 2 месеци се без струја, ЕВН ги исклучи наводно за годишен долг од 72.000 евра.Врвни експерите за енергетика со кои разговаравме шокирани, велат толку струја не трошат нити индустриските капацитети, а камоли 13 луѓе – повеќето од нив,во осмата деценија од животот.

Можеби е време полицијата да покрене акција дали рунинираното одморалиште се користело како „рудник“ за криптовалути? Појаснуваат дека преку вештачење може да се утврди дали се работи за кражба на електрична енергија. ЕВН носи струја до трафостаницата во одморалиштето,но нејасно е како се вршело распределба и фактурирање на трошоците на потрошената струја?

Она што е извесно дека струјата како што велат од ЕВН, е исклучена поради неплатени сметки и оти трафостаницата на имотот во одмалиштетот не е нивна, нити на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, кое од 2006-та до 2022-ра ги подмирувало сметките за струја,но од 07.09.2022-ра, повеќе немале обврска да им ги сервисираат трошоците.

За целиот случај се обративме и до народниот правобранител Насер Зибери кој ги упатува бегалците да испратат претставка, но со нивната скормна писменост,не умеат да го сторат нити тоа. Бидејќи немаат струја нити да зготват нешто,пеш одат до соседното Стење за купат леб.Дрвата не стигнуваат нити за греење, а камоли за готвење.

“Секој ден пешки одам до Стење и се враќам со патериците,пешки одaм верувај, душата ми излезе.Поарно да си умрам никој да не ме види и ништо повеќе.60 дена да седиш без струја.Држава ова не е држава,овие ја продадоа државата пусти да останат.И да им плаќаш не сакаат, што да правам,каде да одам јас сега? – вели Коста Цветкоски.

“Сами знаеме како не стемнува и како не разденува со жена болна дома” – вели Наум Симоноски.

Бегалците тврдат дека самите побарале да им бидат поставени броила,иако немаат право на сопственост врз објектите бидејќи кога дошле во 1991-ва, никој не им дал никаков документ,не поседуваат никаков лист хартија на кој начин е регулиран нивниот престој таму. Во агенцијата за Катастар на недвижности 9-те објекти во одморалиштето не постојат целосно. На интернет страната на Кастар најдовме 8 парцели во комплексот каде пишува дека станува збор за природно неплодно,или плодно земјиште, ливада, камењари, некои се регистрирани како вештачки неплодни земјишта под објект, а се водат во катастарска општина Стење.

Најмалата парцела е со површина од 139 а најголемата 4867 метри квадратни. Побаравме информација и од министерството за транспорт и врски, дали и што се планира на овој простор, но одговор,барем за сега не добивме.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста