Дали Македонија и Албанија може да бидат пренасочени кон новата Европска политичка заедница?

Италијанскиот амбасадор со утешни пораки, по загрижувачките идеи од Европската Унија за паралелна политичка заедница. Вели, Македонија и Албанија ја имаат подршката на Италија за членство во ЕУ, без алтернативи.

Сепак, идејата на претседателот на Франција веќе доби поддршка од Италија и Германија.
Засега тие велат дека се однесува на Украина, Молдавија, Грузија и евентуално Обединетото Кралство по Брегзит, како форма за потесна соработка.

„Оваа нова европска организација ќе им овозможи на демократските европски нации, да најдат нов простор за политичка соработка, безбедност, соработка во енергетиката, транспортот, инвестициите, инфраструктурата, движењето на луѓето.“ – Изјави Емануел Макрон, Претседател на Француската Република

Франција подолго време се колеба околу проширувањето на Унијата, пред три години токму Париз го блокираше стартот на преговори за Македонија, барајќи реформирање на пристапниот процес.

Оттука нема гаранции дека во иднина, по евентуалното формирање на новата паралелна заедница, оти кон неа нема да бидат насочени и земјите од регионот, поради блокираните интеграции.

Епилогот од новите идеи кои циркулираат во Европската унија се очекува да бидат тема на разговор во јуни. Европскиот самит важен за Македонија, која е во исчекување за конечно решение и одстранување на блокадата од Бугарија.

Новинар: Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста