Дали Заев подготвува спектакл со рушењето на дивоградбата пред Т.Ц Мавровка?

Дали после формирањето Влада, премиерот Зоран Заев планира да прави таканаречена фешта од рушењето на нелегалниот објект кај Мавровка? Ова прашање се поставува откако тој самиот најави дека првата работа која ќе ја решава новиот владин состав ќе биде токму уривање на градба, иако тоа не е надлежност на владата, туку на локалните власти.  Заев најави дека објект кој е дивоградба мора да се урне, а ќе направат се, тоа да се случи што поскоро, односно, по самото формирање на новата Влада. Според кажаното се наговестува дека од уривањето на објектот може да се прави спектакл, на кој ќе присуствувале повеќе претставници од новата Влада.

Но Заев не одговори дали ќе бара и одговорност од надлежите во општина Чаир, полицијата и обвинителството кои цели три месеци не направија ништо да го спречат градењето на оваа дивоградба.

Како што е познато, Општина Чаир веќе објави тендери за пријавување на фирми кои ќе ги срамнат високите столбови на местото на некогашното кафуле Фонтана. Се уште никој не се пријави, а столбовите стојат. Според формално-правните прашања, понатаму треба да постапува Општината а не високите функционери.

Поминаа повеќе од три месеци, но фантомскиот инвеститор никој не го знае. Топката постојано се префрлаше од Општина Чаир на МВР.

Откако се расчисти пеплосаното кафуле, набргу почна да се надѕира и бетонската конструкција. Градоначалникот Ганиу смируваше дека ќе се гради објект налик претходниот, што се покажа како погрешно. Откако градбата доби интензитет, реагираше и градоначалниот Шилегов до надлежните инспекторати со коментар дека „На градежното дивеење кај Мавровка мора да се стави крај“. Но, потоа, топката повторно се префрли во општина Чаир, бидејќи Градот Скопје нема ингеренции за да руши ваков тип дивоградби. По објавувањето тендери на кои ниту една фирма не се пријави, столбовите си стојат, а никој ништо не му може на мистериозниот инвеститор.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста