Грција нема основ да го затвори Центарот за македонски јазик: Не е спротивен на Преспанскиот договор

Центарот за македонски јазик не смее да биде проблем за Грција и не смее да биде забранет, порачуваат од Обединета македонска дијаспора. Ваквото здружение ни под еден основ не смее да се поврзува со некакво македонско малцинство во Грција, што во моментов се обидува да го обидува да го претстави грчка страна. Директорот на ОМД за Македонија, Гордан Јорданов вели дека овој центар е како секој центар на секој друг странски јазик во било која држава.

-Грција и Македонија како држава мора да направат дистинкција на тоа центар што значи македонски јазик и зборење за правата на малцинствата во Република Грција. Овој центар за македонски јазик мора да се знае дека е како секој друг центар за странски јазик и исто така како што ги има во нашата држава. Така да овој центар не претставува никаква закана спрема грчката Република, изјави Јорданов.

Според Јорданов проблемот треба да се бара и кај макеоднските власти кои немаат баш слух за барањата на Македонците не само од Грција, туку и за другите во дијаспората, пред се во соседството. Вели дека проблем се и грчките власти, кои никако не смеат да го користат Преспанскиот договор во случајот со центарот за странски јазик.

-Македонските власти треба да најдат правилни механизми како да се обратат кон таа малцинска група во Грција. За жал се уште нашите власти немаат унифициран став кон овие соседни држави и малцинствата во соседните држави, се распрчкани во повеќе институции итн. Но, грчките власти немаат право да го користат Преспанскиот договор во било каква ситуација со отворањето на овој Центар за македонски јазик, изјави Јорданов.

Во Грција се крена паника за отворањето на центарот за македонски јазик, според окружната обвинителка Анастасија Калаици претставувало обид за создавање македонско малцинство. Таа смета дека со оваа регистрација на овој центар, чија цел била зачувување и негување на македонскиот јазик во Грција и воведување на македонскиот јазик како изборен предмет во јавните училишта и универзитети кај јужниот сосед, се прекршува договорот потпишан во Преспа.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста