Груби најде начин да „издрибла“: Со европско знаменце ќе се гласаат законите за коридорите

Артан Груби најде начин како да ги протурка на сила законите за изградбата на Коридорите 8 и 10д. За да го избегне жестокиот отпор од опозицијата, тој на новите закони им залепи европско знаменце, што е неоправдано според делегацијата на ЕУ во државава. Се правда дека ЕУ го ставила коридорот 8 на својата мапа па оттаму и знамето, но вели и дека ако не сме ги променеле законите, ќе сме плателе плус 200 милиони евра.

-Со сегашната легислатива, автопатиштата според физибилити би чинеле 1,5 милијарди, ако пристапиме кон законските измени, проценка нели, би чинеле 1,3 милијарди, го кажав не сте ме чуле, изјави Груби.

Од делегацијата на ЕУ во Македонија изразуваат загриженост што европското знаменце се користи за овие закони.

-Означувањето на законите со европско знаме има за цел да помогне да се забрза интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и според тоа треба да има за цел усогласување на законодавството со законодавството и стандардите на ЕУ. Во овој случај, предлог-законите се чини дека не се однесуваат на усогласување со таквите стандарди. Ја изразивме нашата загриженост до националните власти и бараме дополнителни појаснувања, велат од делегацијата на ЕУ во Македонија.

Очигледно Владата договарала финансии и рокови според закони кои не постојат во државава, па ќе мора да се менуваат за проектот да бил готов во посакуваниот рок.

ТОНСКО АРТАН ГРУБИ- прв вицепремиер: Ако сакаме да биде многу поевтин и ако сакаме да биде многу побрз, две години побрз, побрза изградбата на автопатиштата ќе треба да пристапиме кон законските измени. Зависи од пратениците, од граѓаните, од сите нас дали сме за опцијата да избереме поевтино и побрзо или поскапо и поспоро. Толку е едноставно, други рокови нема, изјави Груби.

И со евентуалните промени сепак нема да бидеме сигурни колку пари ќе не чини овој проект, ова ни го кажа и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

-Ако имало проект кој што бил од 2002-ра, 2005-та година па денеска треба да бидеме сигурни дека тоа ќе чини толку, во градежништвото се докажало многу пати дека не е така. И на Кичево- Охрид и на сите останати проекти. Имало проекти, имало постапки и на крајот проектот чини многу повеќе за граѓаните, изјави Бочварски.

Владината нетранспарентност е еден од најголемите проблеми во овој дел. Токму за ова им се извини на новинарите и соопшти дека договорот редактиран, според она што го договориле со Бехтел и Енка е пратен во Собранието, само кај пратениците со безбедносен сертификат кои имаат право да го видат.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста