Гром пеплоса 4 куќи во Прилеп – Нема повредени

Не гори само куќата, душата ми гори со се што сум имала во нејзе – Вака Се чуствува прилепчанката чија куќа беше зафатена при по жарот во Прилеп, предизвикан од гром во доцните часови од ноќта.

– „Не гори само куќата, душата ми гори, со се што сум имала во нејзе.“ – Раскажува Марина Илиеска.

Пламените јазици од опожарен балкон за кратко време се пренеле на други три соседни домови. Прилепчани вознемирени. Се се случувало набрзина.

– „Нив ги разбудив, викам: станувајте, гори! За триесет секунди сите беа зафатени.“
– „Мајка ми едвај ја разбудив бидејќи не и беше арно. Легнавме порано, станавме, среќа здрави живи излеговме. И за две секунди се се сруши.“ – Велат соседите.

Прилепските пожарникари биле повикани да интервенираат во „Марино маало“ 15-тина минути по полноќ. Одговориле 17 пожарникари со 10 проив пожарни возила, но, не можеле веднаш да згаснат огнот, бидејќи ја чекале екипата на ЕВН да ја исклучи струјата.

– „Беа опожарени четири објекти, поврзани еден со друг. Целиот кров, целата кровна конструкција беше во пламен. Имаше одредено каснење од екипата на ЕВН од 20-тина минути. Повредени нема од пожарот, повикана е екипа на Брза помош каде им се укажа помош на сопствениците и нивните деца.“ – Изјави Златко Наумоски, командир на ППЕ – Прилеп.

Семејствата кои останаа без покрив над глава, со апел за помош до своите сограѓани.

– „Ве молам. Сите граѓани што сакаат да ни помогнат да го изградиме домот. Сите сме од ниска класа“ – Вели Пецо Илиески.

Од општина Прилеп велат дека се ангажрале за на седуммината прилепчани да им биде обезбедено привремено сместување.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста