Гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ е веќе под полициска опсада

Гробот на Гоце Делчев е под полициска опсада. Три полициски возила, специјалци и полиција во цивилна облека го контролираат просторот пред Црквата Свети Спас.

Десетина полицајци и специјалци дежурат пред Црквата Свети Спас. Иако прославата е закажана за 4-ти февруари, кога е најавено е доаѓањето на бугарските граѓани, полиција го обезбедува гробот на Делчев веќе втор ден“.

Полициските службеници проверуваат кој паркира и кој влегува во црквата каде се наоѓаат моштите и споменикот на македонскиот револуционер. Иако има уште 5 дена до 4-ти февруари, денот кога се одбележува раѓањето на Делчев, полицијата од вчера е распоредена таму за да се избегне било каква провокација или иницидент.

По речиси 8 децении, ова е прв пат гробот на македонскиот апостол да биде чуван од специјални полициски сили. Одлуката за распоредување на полицијата следи по најавите дека дел од македонците се самоорганизираат да го чуваат гробот, па дури и да поставуваат ноќни стражи, за да се избегнат нови провокации и навреди од Бугарите и нивните најави дека масовно ќе присуствуваат годишнината на 4 февруари.

Таква најава дојде од Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. За херојска стража што ќе го чува гробот на македонскиот великан, претседателот на Институтот вели дека тоа ќе бидат нивни членови кои нема да дозволат како што министерот Спасовски дозволил , граѓани кои ја посетуваат Македонија да веат фашистички знамиња и да ги навредуваат Македонците.

  • „Кога дојдоа бугарски политичари, екстреминисти , неонацисти со фашистички знамиња, ликот на Борис трети и уште какви не гадости, и кога министерот Спасовски не мрдна со прст а министерот за надворешни Османи, не опомена ништо, ние како Партиотски институт рековме дека тие луѓе нема да можат да го омаловажат денот 4-ти февруари “ – вели Пандов за Алфа, Претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија мирно и без потреба од силно полициско обезбедување го славање роденденот на Делчев. Така беше со години па и децении наназад. Првите немири околу прославата на 4-ти февруари дојдоа во 2020-та година кога граѓани со свирежи за власта чествуваа 148 години од раѓањето на македонскиот великан.

Власта не ретко избегнува да положи цвеќе на деновите за одбележување на македонските револуционери и дејци. Така беше на 4-ти февруари пред две години кога државниот врв не положи цвеќе на гробот на македонскиот револуционер по повод 149 годишнината од неговото раѓање. Пораките на премиерот Заев и претседателот Пендаровски за ликот и делото на револуционерот главно се сконцентрираа на Фејсбук, додека тогашниот бугарски премиер Бојко Борисов допатува дури до Скопје.

Лани, пак откако македонските и бугарските власти рекоа дека ќе веќе заедно ќе се чествува 4-ти февруари бидејќи Гоце Делчев бил од заедничката историја на двете земји, 150-годишнината од роѓањето на македонскиот револуционер се прослави со низа провокации и инциденти.

Инаку Делчев почива под белиот камен саркофаг во црквата „св. Спас„ во скопје по враќање на коските од Бугарија во 1946 година и оттогаш местото е епицентар за оддавање почит кон него, неговото дело, но и одбележување на историските моменти поврзани со македонската држава.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста