Граѓаните што се греат на парно, се жалат дека се приморани да пуштаат клими за да го дозагрејат домот

Невообичаено ниските температури за овој период од годината им го комплицираат живот на граѓаните, кои се на градското парно во Скопје. Секој месец плаќаат високи сметки за парно, но затоа што не е почната грејната сезона, влегуваат во дополнителни трошоци за струја, затоа што ги вклучуваат клима уредите, за да им биде, колку – толку, пријатно во домовите.

Ниските утрински и вечерни температури ги принудуваат граѓаните и покрај скапите енергенси – да пуштаат дополнителни грејни тела за да затоплување на домовите. На врата ни тропа долга, студена, и неизвесна зима, па така секој со свој есап – како ќе се грее. Граѓаните, барем оние што се грејат на парно, велат дека и покрај поскапото греење, сепак се принудени да ги пуштаат и клима уредите за да го дозагрејат домот.

  • Како е можно и парно, и клима да пуштаме, и греалки, а плаќаме парно покскапено. Ова верувајте само кај нас го има, не може да излеземе на крај со цениве кои експлодираат секој ден, и ова со енергенсиве капан ни доаѓа. Ем плаќаш, ем ништо не добиваш, катастрофа е, се жалат граѓаните пред камерата на Алфа.

Дополнително, покрај скапата струја и парно на граѓаните на глава им тежи и скапата храната, чија цена од ден во ден е се повисока.

Оние пак кои се грејат на дрва и пелети исто така се во прашалници, зашто и овој начин на греење станува луксуз поради неколкукратно повисокитте цени за разлика од лани. Задоцнетата реакција на Владата ги натера граѓаните да купуваат дрва по речиси 5.000 денари за кубик, и пелети по до сега не видена цена за 100% зголемување.

Одамна не се паметат вакви ниски температури во овој период од годината, додаваат граѓаните, кои со месеци се обидуваат да најдат начин како поевтино да ја поминат зимата.

Во меѓу време, ситно се брои до почнувањето на грејната сезона, а ЕСМ се уште го нема склучено договорот за да испорачува топлинска енергија. Нема договор ниту за закуп или продожба на цевките со „Адора Инжинеринг “, а не се знае ниту дали дтржавните електрани ќе обезбедат доволно количини на гас за да се истурка грејната сезона.

Сега државната „ЕСМ“ ја има лиценцата за снабдување и дистибуција. За произвoдство на топлинска енергија треба да склучи договор со „Адора“, која лани ги купи топланите „Исток“ и „Запад“, по цена од 9,26 милиони евра. Компанијата сега ги нуди на „ЕСМ“ по иста цена. Што ќе одлучи државата, ќе дознаеме најверојатно кон крајот на оваа недела.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста