Граѓаните лути: Штом Владата сака да штеди, зошто не укине 2-3 министерства?

Уште една идеја како да надлежните да покажат дека не се богаташи туку и за нив важи кризата е на пример да скратат некое министерство, или вицепремиерска функција, која повлекува кабинет со вработени, лични возачи, автомобили, патувања. Да потсетиме дека ова го најавија пред да станат власт, значи уште пред неколку години.

Не стивнуваат реакциите од јавноста откако владата им препорача на граѓаните како да штедат, иако нивните џебови се празни и одамна го допреа дното. Добар дел од граѓаните дури си играат и мајтап со овие владини апели, барања, опомени, кои се далеку од реалноста. Прашуваат зошто, кога во Македонија има премногу министерства, неколку од нив не отпаднат и парите да се насочат кон граѓаните. Има премногу јавни претпријатија, разни агенции и слично. Сите тие имаат раководни кадри со шофери и секретарки, па дури и советници. Многу управни одбори, па надзорни.

„Многу не сме обрнувале внимание. Па ќе треба да се консултирам со жена ми, јас не готвам“.

„Како може старите по 70 години да одат по скали? Тоа нека каже министерот. па 4-члено семејство во колкаво тенџере да готви? Нека дадат во колкави димензии треба и така ќе живееме по неговите правила“

„Зошто да не може да се користи лифтот? Старите луѓе што не можат да се качат по осми кат?“

„Како во помали тенџериња? Ако се двајца добро, ама ако се 5-6 луѓе?“ се жалат граѓаните.

Алфа праша во Владата дали планира да намали две – три министерства, од таму до сега одговор нема. Колку за потестување, актуелната власт пред неколку години најави дека ќе укине неколку министерства за да има се помогне на граѓаните.

Македонската Влада сега брои вкупно 16 министерства, и четири вицепремиерски места о 40 органи на влада.

Граѓаните велат дека не е доволно само да се каже дека ќе се штеди, туку власта треба прва да почне и тоа од себе. Наместо тоа, надлежните им дадоа препораки н граѓаните да одат по скали наместо со лифт. Бојлерот да се користи само во ефтина тарифа, но и да се капиме со тенок млаз топла вода. Во текот на денот во летна сезона да се спуштат ролетните и завесите.

Има и совети за минимално користење на компјутери, полначи за телефони, како и готвење во помали тенџериња на помалите рингли на шпоретите. За оние поимотните, препораките се да инвестираат во изолација на домовите, да купуваат бела техника со висока енергетска ефикасност и да вградат сиончеви колектори.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста