Град Скопје продолжува со прскање против комарци од понеделник

Од Град Скопје информираа дека од понеделник (31 август) и до петок (4 септември) ќе се изврши терестрична дезинсекција на подрачјето на градот против возрасни форми на комарци и тоа секој ден од 9 часот дента до 3 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, информираат од Град Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста