Градската власт направи хаос со јавните претпријатија во Скопје, ССМ со порака до Арсовска да не шири паника

Градоначалничката Данела Арсовска влезе во отворена војна со своите јавни претрјастија. Постави в.д. директори кои ја слушаат, но се скара со сндикатите. По ЈСП каде се создаде хаос со автобусите во Скопје, сега се препукува со Водовод. Од ССМ ја повукаа да не шири паника дека градот ќе останел без вода.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да не шири паника, зашто нема да се исклучат вентилите од градскиот водовод, туку ако пукне цевка нема кој да ја поправи, велат од Сојузот на Синдикати по најавата за штрајк во скопски Водовод.

  • Градоначалничката Данела Арсовска да не шири паника, туку да помогне во борбата за остварување на правата на работниците и да ги спречи оние кои ги прекршуваат, а во спротивно ќе се потврдат фактите дека работничките права се кршат по нејзин диктат од нејзините шерифи, кои оставија над 1.000 работници во ЈСП без плата, а сега сака да остави повеќе од 1.000 работници во Водовод без работа, ако не се послушници на нејзиниот в.д директор“, остро реагира Синдикатот.

Не е јасно, велат од ССМ, каде Арсовска гледа политика во борбата за работнички права, кога сите служби утврдиле прекршувања на Закон и Колективен договор.

  • Срамно и жално е во време на економска криза, градоначалничката на Скопје да се обидува да профитира од лажни вести и да се влева дополнителен страв кај граѓаните кои едвај го поминуваат месецот и секојдневно се заглавуваат во долгови, а работниците во јавните претпријатија да живеат во страв и паника за нивната егзистенција, поради што Арсовска е немоќна да се справи со политичарите од една страна, и нејзините неспособни менаџери од друга страна, а одбира битка со работниците и нивните претставници, заклучуваат од ССМ.

Сетоа ова се случува откако метрополата остана еден ден без јавен превоз кој направи невид хаос во Скопје, граѓаните сега стравуваат дека можно е да останат и без вода за пиење.

Инаку, Водовод е второ јавно претпријатие кое влезе во „војна“ со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако претходно направи хаос со ЈСП. 20-ти октомври 2022 година, ќе остане запишан во аналите на Град Скопје како прв ден во историјата кога метрополата остана без јавен превоз.

Инаку, токму Арсовска изборите пред една година ги доби со нејзиното главно ветување за бесплатен автобуски превоз за сите и 250 еколошки автобуси, за сега таа на граѓаните на Скопје да не може да им обезбеди нормално функционирање на јавниот превоз.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста