Градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ се откажуваат од парите од покачувањето на платите, ќе ги донираат каде треба

Живееме во исклучително тешко време кога јазот на социо-економските разлики во нашево општество станува неподносливо длабок. Оттука, зголемување на плата за фрапантни 78 проценти на оние кои и без тоа се далеку од егзистенцијалните маргини, во најмала рака е неморално, срамно и нехумано. Доколку Владата не го ревидира ова, иако треба итно да го стори тоа, ние како функционери, најмалку што можеме да направиме е да покажеме емпатија и солидарност со нашите граѓани – избирачи кои и не’ донеле до овие функции, а кои се дават во сиромаштија. Ова е ставот на неколкумина градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, кои со лична одлука, одлучиле, разликата од зголемената плата да ја донираат во хуманитарни цели.

  „Финансиска поддршка во овие времиња им е потребна на многу семејства коишто живеат на прагот на сиромаштијата, на ранливи категории, на уставобранители, на семејствата на уставобранителите. Ги изгубивме највредностите кои треба да бидат столбот на едно општество: хуманоста, човекољубието, солидарноста пред се, и мислам дека во такви тешки времиња ваквото зголемување, доколку е таа бројка и цифра точна, мислам дека се нецелисходни и прават немир помеѓу граѓаните. Велам, тоа е мој скромен прилог“, – ни изјави за Алфа, ТОНИ КОЊАНОВСКИ, градоначалник на Битола.

  На ист став е и прилепскиот градоначалник, Борче Јовчески, кој на својот фб-профил напиша: „Како градоначалник на општина Прилеп, јас секогаш настојувам да бидам прв помеѓу еднаквите, затоа истакнувам дека доколку се реализира одлуката за зголемување на платата за носители на јавни функции, зголемениот износ на мојата плата јас ќе го донирам за семејствата со ниски примања и ранливите категории на граѓани“

 Тимчо Муцунски пак, градоначалник на скопски „Аеродром“, повикувајќи ги и другите свои колеги, од сите партии, јавно напиша:Уставниот суд донесе одлука. Јас морам да ја почитувам таа одлука, бидејќи е донесена од страна на највисокиот орган кој ја штити уставноста во Македонија. Но, можам разликата да ја донирам и тоа со задоволство ќе го направам. Сметам дека меѓусебната поддршка и помош се важни. Среќата не зависи од тоа колку имаме, туку од тоа колку можеме да помогнеме и да направиме за другите“.

  Инаку, со одлука на Уставниот суд, од денеска платите на функционерите ќе бидат повисоки за баснословни 78 проценти, што според експертите е загрижувачка одлука која не’ враќа во ерата на транзицијата, а според граѓаните кои постојано се на протести, молејќи за минимални покажувања на мизерните плати, ова е невидено бесрамие на власта.

 Каролина Дурло  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста