Градежниците на коридорите 8 и 10 ќе работат 40, а не 60 часа неделно – пресече Уставен, Синдикатите ја поздравија одлуката

Градежните работници на коридорите 8 и 10 ќе работат 40, а не 60 часа неделно, пресече Уставниот суд. По реакциите од синдикатите, се брише членот од Законот според кој работниците се ангажираат во просек до 60 часа недело во текот на годината. Во членот 12 меѓу другото е предвидено дека „работното време на секој работник во проектот може да биде во просек 60 часа неделно во текот на годината”.

  • Уставниот суд оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор, Уставниот суд донесе одлука за укинување на оспорениот член бидејќи е во спротивност со темелната вредност владеење на правото предвидена во членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, како спротивен на членот 9 според кој граѓаните пред Уставот и законите се еднакви. Уставниот суд оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор, односно дека е во спротивност со членот 32 став 4 од Уставот. Според Законот за работни односи, полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно, информираат од Уставниот суд.

Според меморандумот што го потпишаа Владата и „Бехтел и Енка“, планот е преку посебен Закон, без меѓународен тендер, изградбата на патиштата да се даде на овој конзорциум. Тој би требало да проектира и изгради автопати на делниците „Тетово-Гостивар-Букојчани“, „Требеништа-Струга-Ќафасан“ и „Прилеп-Битола“.

Од Сојузот на Синдикати го поздравуваат овој чекој зашто работниците имаат право на одмор и не може да бидат робови. Бараат почитување на работничките права согласно Закон. 

Оваа одлука Уставниот суд ја донесе врз основа на иницијативата поднесена на 28 декември 2021 година од Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање, кој функционира во составот на ССМ.

  • Влада на Македонија, градежните работници сакаше да ги направи робови, а Министерство за труд и социјална политика го дозволи тоа без ова решение да се разгледува на Економско социјалниот совет. ССМ брзо и ефикасно реагираше со поднесување на иницијатива која беше прифатена и спорниот член од законот е укинат од Уставниот суд со што неправдата врз работниците е исправена“, вели синдикалецот Иван Пешевски.

Тој укажува дека ќе продолжат со своите активности за целосно почитување на работничките права и во таа насока ССМ ќе ги преземе и сите законски постапки за да се постигне законско усогласување на платите на вработените во јавниот сектор со порастот на минималната плата .

  • Нема да може да градите политика на грбот на работниците, така било и така и ќе остане. Ве потсетуваме дека не е добро да сте на спротивната стра на од работниците. Заради погубните политики, 138 000 работници ви се на генерален штрајк. Работничката борба продолжува“, додаваат градежниците.

Претходно, вицепремиерот Фатмир Битиќи рече дека не го гледал тој член како ускратување на одредени права, туку оперативна можност на фирмата да работи.

  • Ја не би го гледал тој член како ускратување на одредени права, туку оперативна можност на фирмата да работи. Никаде во свет во граджништво не е дефинирано работно време, ние имаме 40 саати, изјави Битиќи.

Во меѓу време, Сојузот на синдикати подготвува колективна тужба за неусогласување на колективните договори согласно со Законот за минимална плата. Тужбата, како што велат, ќе биде поднесена пред домашните и странските судови.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста