Го штити ли некој Мерко? – Три години Обвинителството не ја проверува набавката на службените автомобили

Се заташкува ли случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој во 2018-та година со пари од општината, за сума од 66.000 евра, си купи автомобил Ауди А6 и 4-ри шкодиво вкупна вредност од 114.000 евра ? И по 3 години откакоАнтикорупциската комисија во 2019-та поднесе иницијатива за кривично гонење на Мерко,за да се утврди дали тој незаконски трошел државни средства спротивно на јавниот интерес и законите,предметот влечен, се преместува и собира прашина по фиоките во јавните обвинителства.

Да, точно беше  покрената инцијатива пред ОЈО Скопје  па препратена до ОЈО Струга каде што од ова обвинителство на 4-ти декември 2019-та е примена иницијативата. Но,на  23.12.2019-та од ОЈО Струга потоа е препратена до ОЈО за гонење на организиран  криминал и корупција и согласно нашиот закон тука се запира нашето постапување во овој случај, вели Нури Бајрами-член на ДКСК.

Наводите со кои располагавме се поткрепија и со извештајот на Државниот завод за ревизија објавен на 25.10.2019-та, каде беа констатирани многу слабости,пропусти и прекршувања-вели Бајрами,потенцирајќи дека жиро сметката на Општина Струга е блокирана од 2010-та година.

Од Јавното обвинителство на РМ  велат дека предметот за јавната набавка на 3 автомобили и еден луксузен автомобил марка Ауди А6,е во предистражна постапка за која немало законски утврдена временска рамка за постапување. 

Во случајов се работи за обемна документација за која е потребно време за постапување, со оглед на тоа што предистражната постапка согласно закон е тајна, во моментов за жал не може да се споделат детали во врска со предметот. По донесување на јавнообвинителската одлука јавноста ќе биде информирана“ велат од ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА Р.М.

Инаку Антикорупциска пред 2 месеци отвори предмет и за случајот со струшки “Водовод” и Јавното претпријатие за паркинзи „Еко Струга“ кои се сместени во ист деловен објект за кој месечно вкупно плаќаат кирија од фантастични 5.000 евра.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста