Го испрати ли Мицкоски Ахмети во пензија? ВМРО-ДПМНЕ ги испорача барањата до власта

ВМРО-ДПМНЕ да влезе ДУИ да излезе од коалицијата па да се гласа за уставни измени со примена кога Македонија ќе влезе во ЕУ. Христијан Мицкоски ги стави на маса пред Димитар Ковачевски условите за поддршка на уставните измени. На средбата во Клубот на пратеници, лидерот на ВМРО ДПМНЕ му ги предочил на Ковачевски опциите за излез од ќорсокакот. Во спротивно, единственото решение се итни предвремени избори.


ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да влезе во Влада со СДСМ и со останатите политички партии но без учество во истата Влада на Демократската унија за интеграција. ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да учествува во истата со тоа што избори подготвува техничка Влада, не оваа Влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори. А, евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот Протокол на Македонија во рамките ЕУ од парламентите на 27-те земји членки. Јас сум подготвен да разговарам со неколку премиери на земји членки на ЕУ на следниот состанок на Европскиот Совет, да изгласаат потврда, гаранција за сето ова кое што ние го збориме па да видиме дали е навистина така како што ни велат дека е така, имајќи предвид дека сега и Бугарија има легитимна влада избрана од Националниот парламент таму. И со тој документ да дојдеме пред македонските граѓани и да кажеме еве овој пат Европа застанува позади многувековниот македонски идентитет, култура, традиција, обичаи, македонски посебен јазик и дека овој пат конечно Европа има чиста и јасна цел пред себе Македонија да биде дел од европското семејство рече Мицкоски.


Премиерот Ковачевски понудил влез на ВМРО ДПМНЕ во владата со пет ресори, но не на ДУИ туку на СДСМ. Уставните измени според него може да имаат одложена примена но само до втората меѓувладина конференција. Ковачевски е убеден дека има поместување во позициите на Мицкоски.

Сакајќи да покажеме дека како Влада не сме ориентирани само на собирање политички поени и не сме водени само од партискиот интерес и не сме фокусирани на следните избори, предложив заеднички со две третини да ја изгласаме потребата за Уставни измени и утредента ВМРО да влезе во Владата. СДСМ да ослободи половина од своите места во Владата за претставницви на ВМРО. Така ќе обезбедиме влада која обединува. Таа влада во која ќе бидат сите политички партии кои се за евроинтеграциитре и ќе го спроведе процесот на уставни измени, таа Влада и ќе го заврши скрининг процесот, а ќе ги отвори поглавјата од преговорите со ЕУ, при што може и да затвори едно или две од поглавјата од првиот кластер. Истата таа Влада потоа да ги орагнизира следните избори, изјави Ковачевски.
Лидерската средба сепак донесе одредени промени. Демократската унија за интеграција се огласи дека ќе прифати да излезе од Влада, но само под еден услов.

ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сѐ – напиша Бујар Османи, портпалоот на ДУИ и министер за надворешни работи.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија подготвеноста да ДУИ да излезат од Владата, но ги охрабрија сепак да го прифатат и нивното барање околу одложената примена на уставните измени до влезот на Македонија во ЕУ. Од ВМРО ДПМНЕ потенцираат дека само на овој начин Македонија ќе се увери дека нема да има, како што велат, други условувања за македонскиот идентитет на патот кон членство во Унијата.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста