Го загубивме својот мир, своето право на самоопределување: Историската комисија со Бугарија е политичко, а не историско тело, треба да се укине

-Ревидирање на македонската историја, бидејќи таму воопшто не се разговара за бугарската историја, вели за Алфа историчарот Никола Србов.

Го загубивме својот мир, своето право на самоопределување, генезата на македонскaта историја. Ова се резултатите од работата на заедничката историска комисија на Македонија и Бугарија. Според историчарите единствен губитник во оваа битка е само македонската страна, а добитник бугарската. Историчарот Никола Србов е на ставот дека главниот проблем доаѓа во моментот кога политиката почнала да се меша во историјата, што никако не би смеело да се случува во нормални околности, кои во овој спор ги нема.

-Го изгубиме ние својот мир, го изгубивме своето право на самоопределување, го изгубивме правото да си ја определуваме својата историја, која е нашата историја, која е генезата на нашата историја, кое е едно од основните човекови права, правото на самоопределување. Пролбемот е што кај нас политиката врши диктат врз историската наука и добиваме резултати каде што историчарите од двете земји како се чувствува одредена историска личност интимно самата себеси, изјави Србов. 

Универзитетската професорка Наташа Котлар Трајкова смета дека најголемиот историски пораз на Македонија и го донеле историчарите кои се дел од заедничката Комисија. Според неа тие дозволиле да се постигнат договори со кои се негира македонскиот народ и воопшто неговата историја.

-Се е отидено во неврат, бидејќи ако повеќе сакале да дискутираат, тогаш веднаш можеле да се повлечат од Комисијата овие луѓе, со објавувањето на декларацијата во народното Собрание во Бугарија, крајот на 2019-та, бидејќи од таа декларација па во сите други документи провејува негацијата на македонскиот народ, неговата историја, културолошка содржина, вели за Алфа универзитетската професорка Наташа Котлар Трајкова.

Според Котлар Трајкова оваа Комисија не е историска, туку политичка и како таква не може да претставува репрезент на македонската историска наука.

-Комисијата е политичко тело, таа не претставува во ниту еден момент репрезент на научната фела во Македонија. Ако претставувате таков политичко тело, вие некој приватен избор на власта, а она што претставува приватен избор, не може да претставува обврска  за целокупната македонска историска наука, изјави Котлар Трајкова.

Србов е ставот дека истата воопшто не треба ниту да постои, бидејќи наместо зближување довела до омраза меѓу двата народи.

-Историската комисија е најголемиот проблем во целиот процес. Јас сум на ставот дека таа комисија треба да се укине, воопшто да не постои, бидејќи едноставно направи двата народа да се мразат до степен кој до сега не сме го виделе во историјата. Кога нешто претставува толку голем проблем вие треба да го отстраните. Комисијата не води кон решавање на проблемот, туку кон влошување и ескалирање на состојбата меѓу Бугарија и Македонија, изјави Србов.

Инаку Комисијата досега постигна договори за неколку историски имиња, сите проблематични за Македонија, а по терк на Бугарија. Па така Цар Самоил, светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Климент и Свети Наум, покрај македонски, во македонската историографија станаа и бугарски. Отстапка направивме и за Самоиловото царство, за кое историчарите договорија дека било бугарско.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста