Гостите во Охрид ќе ги исполнат шесте хотели кои ќе работат за празниците

Новогодишните празници го раздвижија нашиот најголем туристички центар,градот блесна во прекрасен амбиент,на кој веќе му се восхитуваат домашни и бројни гости од непосредното опкружување. Приватните сместувачки капацитети се целосно исполнети. На дигиталната платформа Booking има само 5 слободни вили по цена од 115 до 569 евра за три ноќевања.Слободни апарманти има во 4 хотели каде цената на 3 дневни пакет арнжмани се движи од 260 до фантастични 778 евра. Се чини,дека ова се единствените поголеми хотели на риверата кои во последен момент одлучиле да работата за нова година. Само пет,шест хотели на охридската ривиера ќе работат за новогодишните празници, се работи за мали капацитети со по 20-тина легла,останатите се веќе затворени. Економската и енергетска криза оставаат поголем пустош и од корона пандемијата.

Изјава проф.д-р Климент Наумов-Ф.Т.У:И сето тоа резултираше со зголемување на цените и трошоците за работа на угостителските и сместувачките капацитети, особено големите хотели кои што се доведени пред свршен чин заради енергетската неефикасност, поради тоа што долги години не е инвестирано во обновување на капацитетите и никој не можеше и да наслути дека вакво нешто ќе се случи, повеќето решија и да затворат.

Направивме обиколка низ хотелите во Охрид и Струга,хотелиерите велат од финансиски аспект претешко е да се организира дочек за нова година, иако некои храбро сред најтешка криза решија да отворат нови хотели.

Да, се е поскапено од аспект дека сите цени се кренати, трипати е покомплицирано од претходно.Во однос на прошлите години се повисоки за околу 20 % поради самата рецесија, сметките за струја не дупло, туку 150% се повисоки од претходно што беа, изјави Марјан Трпески-хотелиер

За дочекот на новата година нема стопостотно расположение кај луѓето,после долга криза имаме и енергетска криза, се очекува да има нешто 2-3 дена пансионски.Повеќе се луѓе од околинава од Балканот но нема некој голем флукс каде се очекива голем број на клиенти, рече Ерхан Папратнику

Ние фактички реално започнавме со работи сред сезона и ќе допринесеме едноставно со еден нов стил за развој на туризмот во нашиот крај, порача Јованка Биљан.

Инакуна охридскиот плоштад под отворено небо во новата 2023-та година ќе не внесат нашите сограѓани охридските златни грла Петар Нечески, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски,потоа  Миле Кузманоски и ред други естрадни уметници.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста