Горчлив преспански вкус: Македонските власти со Преспанскиот договор се откажаа од македонскиот јазик и Македонците во Грција

Горливиот вкус на Преспанскиот договор повторно можеме да го почуствуваме и сега, со последниот случај со центарот за македонски јазик во Лерин, кој грчка обвинителка бара да биде затворен, бидејќи директно удирал врз потпишаното во Преспа. Уште еднаш ни се потврдува дека нашите власти го ограничија македонскиот јазик само на територијата на државава. Универзитетскиот професор Васко Нуамовски за Алфа тврди дека македонските политичари од власта се срамеле да кажат на кој јазик говорат Македонците во Грција. Вели и дека проблематично е што Грција иако членка на ЕУ, не покажува волја за почитување на човековите права.

-Оваа разврска покажува дека се она што беше ветувано за време на Преспанскиот договор, во суштина не било така како што било кажувано од нашите политичари. Имено да се потсетиме дека нашите официјални претставници во тој период, дури и се срамеа да кажат како се вика јазикот на кој што зборуваат нашите сонародници во Република Грција и оваа најнова разврска на на настаните покажува дека и Република Грција иако е членка на ЕУ, се уште е далеку од почитување на човековите права во Грција, изјави Наумовски.

До сега Македонија исполни речиси се што е напишано во Преспанскиот договор, додека пак Грција единствено го крена ветото за членство во НАТО, додека се друго стои, како на пример промената на таблите со новото уставно име на државата. Според Наумовски не можеме да очекуваме притисок кон Грција од меѓународната заедница, бидејќи ја имале предноста што се членка на ЕУ.

-Се она што се потпишува како договор на земја која веќе е членка на ЕУ и држава канидат, значи дека државата која веќе е внатре во оваа структура не подлежи на никакви притисоци да го промени својот став во однос на определена меѓународна обврска. Ние имавме и пресуда од меѓународниот суд на правдата во Хаг, меѓутоа свесни дека Грција не го промени својот став ни после таа пресуда, изјави Наумовски.

Во Грција се крена паника за отворањето на центарот за македонски јазик, бил обид за создавање на македонско малцинство. Регистрацијата на ова здружение во Лерин е спорно според окружната грчка обвинителка Анастасија Калаици. Таа смета дека со оваа регистрација на овој центар, чија цел била зачувување и негување на македонскиот јазик во Грција и воведување на македонскиот јазик како изборен предмет во јавните училишта и универзитети кај јужниот сосед, се прекршува договорот потпишан во Преспа.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста