Голем протест на ВМРО-ДПМНЕ вечерва пред македонската Влада

Власт, која e неспособнa – да се справи со криминалот, енергетската криза, растечката инфлација, и сиромаштијата, власт, која веќе шеста година, не прави ништо друго, освен, што е извор на национална катастрофа, на секое поле. Загубена надеж, изневерени очекувања, разочарувања, и национални предавства. Ова се дел од причините, на најголемата македонска опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, поради кои, вечерва, во 20 часот, пред македонската Влада, ќе одржи протест, со цел, да бидат распишани – предвремени парламентарни избори, по кои, очекуваат – да падне владата на СДСМ и ДУИ, предводена од Димитар Ковачевски.

„Протестот за промени“, како што го насловија од ВМРО-ДПМНЕ, ќе има надпартиски, и обединувачки карактер.

Адријана Алексиеска, разговараше со Жаклина Пешевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста