Годишнина од масакрот кај Вејце

Денеска е годишнина од масакрот во Вејце кога припадници на ОНА од заседа убија осум војници на АРМ на 28-ми април, 2001-ва година. Дел од убиените беа живи запалени, а по убиството телата на мртвите бранители – беа масакрирани. Загинатите беа на возраст, меѓу 24 и 30 години: Роберт Петковски (27 години) од скопско Бунарџик; Игор Костески (26 – годишен) од Кисела Вода; Миле Јаневски (30 години) од Македонска Каменица: Бобан Трајковски (28 години) од Куманово; Марјан Божиновски (на 27 години) од битолско – Горно Оризари; Илче Стојановски (24 -годишен) од битолско Породин; Бошко Најдовски (25 години) од битолско – Долно Оризари, и Кире Костадиновски (24-годишен) од битолско – Горно Оризари. Ова е најголемата бројка на загинати припадници на македонските бранители, во еден инцидент, за време на конфликтот во Македонија. Министерството за одбрана, бара да се постави – спомен обележје, во чест на загинатите припадници на безбедносните сили, во масакрот кај Вејце.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста