Гнев на Егејот: Говорат македонски дијалект, кој Ковачевски и Османи не го признаваат, во Грција постојат повеќе македонски дијалекти, но за власта во Македонија сепак не постојат

Јоргос Пападакис, Македонец, новинар од Грција, говори на македонски дијалект кој од пред десетина дена веќе не е признаен од Македонија, а тој дијалект говореше и за Алфа телевизија. Но, така разговара и со своите соседи и целиот регион во овој дел од Грција. Нивниот дијалект на македонскиот јазик за нив постои и секогаш ќе постои и покрај потезите на македонската власт. Но, кај Македонците во Егејот постои и гневот од ваквите политики на Ковачевски, Османи и колегите. Пападакис вели во Грција не постои само еден македонски дијалект.

Фала Богу постојат неколку од најужниот во Костурско, до околу на Олимп планија, кои лингвисти велат дека е најужниот дел каде се слуша македонскиот говор, до источниот дел Драмско, Серско, Долноџумајско итн, вели Пападакис за Алфа.

Вели разговарал и со луѓе кои повеќе ги разбираат јазичните проблематики и тие биле негативно изненади од ваквите потези на македонската власт, да го ограничи јазикот само на територијата на државата.

-Зборувајќи со луѓе кои знаат многу повеќе од мене околу јазиците и околу дијалектите и тие беа изненадени, непријатно изненадени. Така што мислам дека сето тоа е ајде да кажеме уште еден чекор низ таа целата линија на чекорите од 2017-та година од Владата на Заев и понатаму. Со аматеризмот и со незнањето ги направиле работите многу полоши и потешки за сите во Македонија и надвор од Македонија и за сите нас, вели Пападакис за Алфа.

Македонците во Грција низ целата историја се бореле за своите права, па така е и ден денес. Додека Преспанскиот договор на Грција и го донесе она што го бараше, за Македонците во Грција не донесе ништо. Пападакис вели дури ни во преговорите пред потписот во Преспа, тие како малцинство кај јужниот сосед не биле ни тема на разговор.

-Немаше дури ни волја од македонската Влада тоа да го направат, тоа го видовме во текот на преговорите за Преспанскиот договор, никогаш не беше споменато македонско малцинство или македонскиот јазик во Грција. Ние бевме надвор од целата таа приказна, вели Пападакис за Алфа.

Покрај Македонците од Грција, гнев и големо незадоволство од едностраната изјава на Министерството за надворешни работи изразија и Македонците од пиринскиот дел во Бугарија, каде исто така се говори дијалект на македонскиот јазик.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста