Гласен текстилец бара пратениците да не дозволат враќање на прекувремената работа

Со новите дополнувања на Законот за работни односи, ќе се издејствува работниците што ќе бидат ангажирани на изградба на коридорите наместо 40, да работат и по 60 часа.  Здружението Гласен текстилец од пратениците побара да не ги гласат новите измени, бидејќи на овој начин повторно ќе се врати прекувремената работа.

Иако знаеме колку скандали излегоа од тој закон и целата негова неуставност  околу самото носење на една единствена компанија. Иако слушаме постојано за надзори при изградба каде разни сомнителни фирми ќе соберат 22,5милиони евра само по основ на надзор  сепак на власта и тоа и е малце и повторно се обидува да го вратипрекувремена работа , да не речам присилна работа„ изјави Кристина Ампева, претседател на Здружението „Гласен текстилец„.

Минатата година „Гласен текстилец„ поднесе иницијатива до Уставен суд за оценување на уставоста и законитоста на членот 12 од Законот кој одобрува градежни работи во просек од 60часа неделно за Коридорот 8 и Коридорот 10. Тогаш судиите беа на исти став, дека тој член е неуставен и е на штета на работниците

 „Ова нешто веќе беше прогласена како неуставно, тоа воведување на прекувремена работа. Спротивна на Устав, спротивна на сите меѓународни договори,меѓутоа и попзитивни законски одредби . Со новите измени Министерсвото за труд и социјална политика бара да се воведе прекувремена работа подолго од 40часа неделно, за проект кој се смета од стратешки интерес на државата„ рече на денешната прес конференцијаа Кристина Ампева 

Минатата година активистите за работнички права посочуват доколку се изгласат дополнувањата во Законот за работни односи,  ќе поднесат  нова иницијатива пред Уставен суд за отценување на уставноста.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста