Гир: Имате јасен пат пред вас, следниот чекор се уставните измени

Евроамбасадорот во Скопје, Дејвид Гир по којзнае кој пат порача дека уставните измени се единствениот начин за Македонија да го продолжи патот кон Европската Унија. Гир вели дека земјава може да ја зграпчи можноста на актуелниот специјален момент од историјата кога процесот на проширување вели е поставен како врвен приоритет на агендата на ЕУ, што значи дека работите може да се развиваат многу брзо. Но, за тоа требаат уставни измени, за што нема консензус, но и забрзување на процесот на реформи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста