Германски бизнисмени: Мора да се инвестира во квалификувани работници, кои ги има се помалку

Енергетската криза е клучниот проблем за домнашното стопанство, но не и единствен предизвик со кој се соочуваат компаниите. Не само македонските, туку и оние кои решиле да инвестираат кај нас. Тие се генерално задоволни, иако бараат засилен ангажман и поголема свест за реформи пред се во делот на оспособуувањето на квалитетен и квалификуван кадар, кој е еден од клучните предуслови за развој на домашната економија.

Енергетската криза, односно високите сметки за струја остануваат најголемиот проблем за стопанството, сметаат германските бизнисмени. Сепак, според нив, и во време на криза мора се носат мерки за подобра бизнис клима за инвеститорите, иако лани добар дел од нив, кои што работат во земјава сметаа дека екномската состојба била лоша. За да се подобри, мора сериозно да се вложи во дуалното стручно образование, проблем со кој се соочува цела Европа, а тоа доведува до сериозни нарушувања во стопанството.

  • Сакаме да го поврземе синџирот на добавувачи и да го зајакнеме во цела Југоситочна Европа, а дуалното стручно образование, меѓу другото, е патот кон тоа. Многу е важно регионот да го гледаме како целина. Државите тука се прилично мали, но регионот на ЈИЕ како заеднички пазар е интересен за германските компании. Најновите случувања во Европа доведоа до сериозни нарушувања во стопанството, посебно во синџирот на снабдување. Корона кризата беше првиот удар, рече Партик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.

Дека има се помалку квалификувани работници признаваат домашните бизнисмени. Од Стопанската Комора велат дека живееме во време на голема неизвесност, и дека мора да се посвети поголемо внимание на дуалното образование кое се спроведува со поддршка на бизнисот, со цел компаниите да добијат квалификуваните кадри, што ги има се помалку.

  • Со најновите случувања во Европа и промените во глобалниот синџир на добавувачи, сметаме дека настан како SUBEX е одлична можност да се даде поддршка на домашните стопанственици од преработувачка индустрија, велат организаторите.

На бизнис форумот присуствуваше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, а целта е поврзување на домашните компании добавувачи од металната, електро, ИТ, текстилната, дрвната и прехранбената индустрија со компании купувачи од Германија, Грција, Турција, Романија, Албанија и Косово.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста