Гаревски: Ќе следуваат серија нови, помали земјотреси

Разорниот земјотрес во Турција не можеше да се предвиди, вели сеизмологот, доктор Михаил Гаревски. Тој додава дека во Турција сега може да се очекуваат и таканаречени „афтер шокови“, односно помали последователни земјотреси.

  • „Се знае дека во Турција се случуваат многу силни земјотреси и овој е втор по јачина што воопшто се случил во историјата на Турција. Претходно беше со магнитуда 7,9 во Езерџан, ова е вториот по јачина, но, како што е општо познато, земјотресите никогаш не можат да се предвидат во кој временски период ќе се случат.“ – Истакна сеизмологот Д-р. Михаил Гаревски.

Тој вели дека земјотресот во Турција нема да има влијание на балканот, додека пак за скопскиот регион, не очекува во наредната деценија сериозни тектонски поместувања.

  • „Дали на балканот како резултат на овој земјотрес што се слуѕчи во Турција ќе се активира овој регион, со сигурност можам да кажам дека нема да се активира. И да се случат некои помали потреси во блиска иднина, тоа сигурно нема да бидат поврзани со земјотресот што се случи ноќеска.“ – Додава Д-р. Гаревски.

Професорот додава дека иако многумина се обидуваат да ги предвидат земјотресите, тоа засега е невозможно. Бројните теории на социјалните мрежи, кои велат дека се очекувало да има земјотрес, професорот вели дека се неверодостојни, бидејќи тие секој пат се појавуваат откако катастрофите ќе се случат.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста