Вучиќ и Курти во Брисел: „Секоја страна треба да направи нешто, за да добие нешто“

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Аљбин Курти вечерва во Брисел ќе го продолжат дијалогот под покровителство на Европската Унија, а во фокусот на состанокот ќе биде примената на договореното. Заедничкиот состанок на Вучиќ, Курти, шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел и Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак според најавите треба да стартува во 18 часот. На состанокот ќе се зборува за примената на Договорот за патот кон нормализација на односите на Косово и Србија, за која Вучиќ и Курти постигнаа согласност на 18 март во Охрид.

Од страните се очекува да ја усвојат декларацијата за исчезнатите лица, која ќе биде прва точка на дневниот ред, а потоа ќе следи претставувањето и расправата за нацртот на статусот на заедницата на општини со српско мнозинство на Косово. Функционерите на ЕУ и САД вклучени во процесот на дијалогот очекуваат реално придвижување на денешната средба на Вучиќ и Курти, додека европските аналитичари изнесуваат различни ставови околу тоа прашање. Лајчак вчера кажа дека средбата ќе биде „особено важна“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста