Вселенската патријаршија им додели високи свештенички достоинства на свештеници на МПЦ-ОА

Вселенската патријаршија на свештеници од македонската православна црква им додели свештени достоинства…Тие беа удостоени со највисока чест, на островот имврос, од страна на вселенскиот патријарх. Г.Г. Вартоломеј…..
„Денеска, во Имврос, имаме одбрани посетители, браќа од странство, од Охридската Архиепископија, од Македонија. Дојдоа, за да ја принесат својата почит кон Светата Велика Христова црква, во лицето на вселенскиот патријарх, црква, која како вистинска мајка, го прегрна и тој народ и таа црква, која речиси седумдесет години беше отсечена од телото на останатото православие, без општење со другите православни цркви“ порача вселенскиот патријарх….
Јеромонасите Кирил Деловски и Анатолиј Лазески од бигорскиот манастир беа ракопроизведени во највисоката монашка титула во црквата, архимандрити на вселенскиот патријаршиски престол, а свештениците Бобан Митевски од скопската епархија, Александар Димовски од дебарско-кичевската епархија и Симеон Кантурски од струмичката епархија, пак, беа удостоени со чинот протопрезвитери на вселенскиот патријаршиски трон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста