Врвните спортски лиги во САД протестираат поради новите случаи на полициска бруталност


Бројни американски спортски професионални лиги, во знак на протест против полициското насилство ги прекинаа активностите. Како нова причина за овој досега невиден бран протести во американските спортови е случајот со Афроамериканецот Џејкоб Блејк, кој беше застрелан во грбот од полициски службеник во градот Кеноша, и моментално е во болница, се бори за животот. Кошаркарите на Милвоки го поттикнаа протестното движење откако први го бојкотираа својот плеј-оф меч против Орландо. Веднаш се одложија и останатите два меѓу Лејкерс-Портланд и Хјустон-Оклахома, а се приклучија и нивните колешки од женската НБА. Револт со неиграње објави и фудбалската МЛС, како и најсилната бејзбол лига.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста