Вработените во „Македонски пошти“ почнаа со предупредувачки прекин на работата поради неисплатена плата за септември

Со предупредувачки прекин во работата од половина час, од денес почнуваат вработените, во сите подружници на национална Пошта. Бараат исплата на септемвриската плата, во спротивно на 29 овој месец излегуваат на  протест пред Владата.  Платата мора да биде редовнаа, алармираат вработените, бидејќи во време на економска криза им е загрозена егзистенционалната сигурност на нивните семејства. Од Синдикатот се децидни дека предупредувачките протести ќе продолжат и во наредните денови се додека не издејствуват исплата на платата.

  „Едно време земавме на почетокот на месецот, а сега последната плата ја зедовме  на 23. Вака ако продолжат една плата ќе ни отиде и нема да ја земеме. Ова е предупредувачки протест, бидејќи народот не може да издржи повеќе „-изјави Ангел Николовски, поштар.

Национална Пошта одамна е на стаклени нозе. Вработените се жалат на лошите услови за работа,несоодветната униформа, како и исплатата на плати со задоцнување од месец во месец. Претходно најава за протест  на вработените во национална Пошта имаше во март годинава. Но тогаш, протестот  уште не почнат, веднаш беше ставен во мирување поради исполнување на барањето за линеарно покачување на платите. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста