Врабевски: Пендаровски и Заев знаеја за отворањето на бугарските клубови

Заев и Пендаровски знаеле дека во Македонија ќе се отвораат бугарски клубови и здруженија. Финансиерот на бугарските клубови во Охрид и Битола, бизнисменот Милен Врабевски во интервју за „Трибуна мк“ открива дека претходно имал средби со пораншениот премиер Зоран Заев, но и со претседателот Стево Пендаровски, кого и директно го известил дека планира да формира граѓанско здружение. И не се само овие високи македонски функционери, Врабевски се среќавал и со други. Вели дека бил активно вклучен и во решавање на црковното прашање но и други работи.

  • „Нема ништо чудно или скриено во врска со мојата средба со вашиот премиер, која се одржа во 2017 година во присуство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички дедо Наум. Тема на нашиот разговор беа конкретни предлози за зајакнување на добрососедските односи меѓу двете земји. Го известив премиерот дека ќе ви го донесам Светиот оган и ќе помогнам колку што можам за признавањето на Македонската православна црква од нашата православна црква (која во тоа време беше поканета да и биде црква-мајка). Разговорот се одвиваше во пријателска атмосфера“ – Вели Милен Врабевски за „Трибуна мк“

Во отворањето на бугарските клубови не гледа ништо спорно. Требало да ги има и во секоја друга земја каде што имало Бугари.

  • „Создавањето на бугарските културни центри во Македонија започна по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тамошните луѓе почнаа да веруваат дека е дојдено време да се елиминира деценискиот страв од истакнувањето на нивната бугарска самосвест, се собраа и ги создадоа овие здруженија за да се вратат на своите историски корени и да ја бранат бугарската идеја во Македонија.“ – Додава врабевски.

Бугарскиот бизнисмен вели дека ќе продолжи со иницијативи за билатерална соработка, како и дека имал и други, слични активности и во Украина, Молдавија, Србија и Албанија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста