„Во фокус“: 5 години власт: Парите послатки од функцијата, приоритет: лично богатење, а не потребите на граѓаните

Давајца владини генерални секретари, двајца директори – ова се покрупните функционери кои во последните пет години се соочија со обвиненија или кривични пријави. Уште повеќе носители на јавни функции се најдоа во центарот на вниманието кај јавноста, бидејќи по откриени скандали не следуваше никаква одговорност.

Две обвиненија се поднесени за екс владиниот генерален секретар, Мухамед Зеќири. Тој се товари за злоупотреба на службената положба и оштетување на буџетот од 1.5 милиони евра. Првото обвинение се однесува на договор за консултантски услуги со хрватска компанија кој, според Обвинителството, бил склучен без примена на процедурите предвидени со закон. Второто обвинение е исто така за консултантски услуги за потенцијална приватизација на „Македонски железници-Транспорт“. Мухамед Зекири се уште е во домашен притвор и чека судска разврска.

Неговиот преходник на функцијата, Драги Рашковски, веќе оди на судења, се брани од слобода откако беше и во домашни и во затворски притвор. Претходно се плажираше во Мексико кога на глава му висеа неколку скандали кои прераснаа во обвининеија.

Рашковски, како генерален секретар склучил договор со Рашковски како иноватор. Сам на себе си платил над 80 илјади евра за софтвер за контрола на сообраќајот за кој МВР ниту било информирано ниту побарало набавка.

Дополнително исплаќал и хонорари на повеќе соработници за кои постои сомнеж дека му биле враќани во кеш.

Се појавува и на јавни настани и предава на факултет додека оди на рочиштата. Останува на тврдењто дека е невин.

  • Децата имаат заштеда која е од нивните родендени а се друго децата што поседуваат е мој имот што јас сум го имал и претходно.Целата работа се вулгаризира затоа што и станот и подвижните средства сум ги имал и пред да станам Генерален секретар. Сето тоа е само префрлено, ние сме традиционална земја како секој родител. Станот што сум го имал само сум го префрлил,не станува збор за нов имот.Новиот имот во Побожје е купен на кредит со средства кои што и претходно сум ги имал“, се правда Рашковски.

По повеќе од две години истрага конечно беше поднесено обвинение и за поранешната директорка на Агенцијата за европски програми и мобилност, Лидија Димова. Таа, меѓу другото се товари и дека незаконски давала европски пари за спорни проекти како тренирање магариња и обучување фризерки. Штетата се проценува на над 400 илјади евра.

  • „Колеги станува збор за недоразбирање, за многу пари дадени на господинот Златко Златковски,јас морам да кажам дека направив проверка уште еднаш и неговите проекти се оценети од седумина евалуатори, сите се различнни. Значи ниту име не се повторува, од евалуаторите“ – изјави Лидија Димова директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Има и истраги кои заглавија во институционалните лавирнти, како на пример онаа за Ден Дончев и Венко Филипче. Екс директорот на Фондор за здравство и екс Министерот за здравство добија кривична пријава од Вера Иванова за злоупотреба на службената положба со тоа што се обиделе да ја спречат продажбата на фармацевтската компанија „Дијамет“.

Истрага има за екс директорот на Финансовата полиција, Арафат Муареми, поради која се судри со шефицата на Организиран криминал и корупција, Вилма Русковска која беше суспендирана.

Некои функционери, пак, завршија со ослободителни пресуди. Екс министерката за социјала, Фросина Ременски беше дел од судски процес за кој веќе има првостепена пресуда „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски. Таа беше обвинета за помагање во кривичните дела измама, перење пари и примање награда за противзаконито посредување.

Од друга страна остана да виси и сомнежот како може за издавањето на над 200 македонски пасоши на најголемите нарко-босови и криминалци на Балканот да бидат одговорни само шалтерски работници во МВР, а на обвинителна клупа да не седне ниту еден повисок функционер.

  • Јас сум Седат Пекер, го познавам премиер на Македонија, му бев на гости дома, сите други партиски лидери ги познавам. Добив депортирање поради 3 дена прекршување, тоа не можам да го прифатам“ рече Пекер.

И меѓу сето ова, за функционерите од ДУИ, ниту има пријави ниту има истраги и покрај бројните скандали кои избија – од спорни тендери и набавки до сомнителни вработувања и провизии.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста