„Во фокус“: Хронологија на „Цар Борис Трети“ – од отворање до затворање

Покани од едната страна до цел македонски и бугарски државен врв, јајца и камења од другата страна. Отворањето на „Цар Борис трети“ не беше дочекано како што сакаа самосвестените основачи кои тврдеа дека имаат за цел зближување на двата народи.

Поклонците на ликот и делот на цар Борис III, додека го вееја знамето на последниот бугарски цар, охраѓани фрлаа јајца и камења. За влакно беше избегнат инцидент на протестот пред седиштето на бугарскиот културен центар среде Охрид, а полицијата едвај успеа да ја одржи ситуацијата под контрола.

Фашисти, татари, АСНОМ е жив – беа пораките од охриѓани.

Анкета: 1. „Цар Борис е фашиста, во една демократска земја за фашисти нема место.“; 2. „Ќе си ја браниме ние Македонија. Зошто во Пиринска Македонија не им дадат право не само тука. Зошто нашата Влада не реагира, ако се европјани“; 3. „Срамота за Македонија и за сите кои што ги дозволуваат сите овие работи немаме ништо протов овие луѓе и тие се инсинуирани натерани без да се смесни што прават, го копаат гробот на Македонија“.

Инцидентите беа спречени на отворањето, но не и откако бугарското здруженија  почна да функционира. Канцеларијата беше вандализирана во два наврати, еднаш искрешени стакла, втор пат беше пукано со огнено оружје кон излогот на клубот.

АНКЕТА: 1.Реакција во секој случај очекував, но не ваква посебно не со употреба на огнено оружје и не со сила. Тоа оди во прилог на Бугарија за да не претстават дека сме нецивилизиран народ, дека не ги почитуваме правилата и тн.Јас морам да кажам дека државата наша или премногу доцни, или не сака,или пак не знае како дипломатски да го реши овој проблем;

Во инцидентите по отворањето на бугарскиот клуб се вбројува и тепачката во кафеана на секретарот. За ова бугарските власти испратија протестна нота, додека македонскиот министер за надворешни, смируваше па дури му отиде во болничка посета на Пендиков.

  • „Мене ми е важно тоа што го кажува самиот Христијан и мајката на оштететниот, а тоа е дека е поради изразување на етничка припадност, и покрај тоа што еве сторителите кажуваат обратно, дека имале претходно некакви си разлики“, рече Османи во интервјуто.

И додека, македонските власти млако се спротивставуваше на сите бугарски провокации, бугарскиот државен врв немаше проблем да упати секојдневни условувања.

  • Ние се надеваме дека тие клубови ќе имаат можност да функционираат нормално и во крајна цел тие се зголемуваат, стануваат се повеќе и повеќе. Тоа според мене е еден добар знак, затоа што гледаат можност од тој тип на асоцијација, од тој тип на организација, да ги истакнуваат своите интереси“, изјави Милков.

Од бугарска страна стигаа и најави за отворање на клубови и канцеларии во сите македонски градови и поголеми села, македонските интитуции не можеа да сватат каде е законската дупка која Бугарите ја нашле. Со месеци Министерството за правда и Централниот регистар си ја префрлаа топката кој и зошто дозволил име на фишист да носи бугарскиот културен центар.  

И конечно, по предлог на опозицијата, со многу препирања се гласаа измени во законот за фондации и здруженија.

„Цар Борис Трети“ го злоупотреби и рокот кој што му беше даден за промена на името, па наместо барање доставиле само лист хартија за да си купат време. И на комисијата за употреба на имиња на личности и требаше повеќе од еден месец да ја донесе одлуката за негово затворање. И откако министерот за правда конечно потпиша, официјално „Цар Борис трети“ е избрашан од Централниот регистар.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста